Меѓународен ден на девојчето

Од:

Обединетите нации денеска го одбележуваат Меѓународниот ден на девојчето. Целта е да се промовираат човековите права на девојчињата и на девојките, да се крене свеста за родовите нееднаквости кои сеуште постојат и да се истакне потребата од справување со различните форми на дискриминација и злоупотреба на девојчињата и на девојките низ целиот свет.

Глобалната тема за оваа година е „Зајакнување на девојчињата во период на адолесценција: Елиминирање на кругот на насилство“.

Според глобалните податоци, две од три девојчиња во период на адолесценција на возраст помеѓу 10 и 14 години се редовно жртви на физичко казнување. Исто така, постојат перцепции дека насилството, особено насилството врз девојките, е прифатливо. Скоро половина од девојките на возраст помеѓу 15 и 19 години сметаат дека е во ред мажот да ја тепа жената или партнерката доколку таа одбива да има сексуален однос со него, или излезе од дома без негова дозвола, се расправа, ги запоставува децата или ја изгори вечерата.

Во пораката по повод овој меѓународен ден, Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун ги повикува сите влади, меѓународни организации, невладини организации, медиумите и граѓаните од целиот свет да ја кренат свеста и да ги зголемат политичката волја и ресурси за превенција и елиминирање на насилство против жени и девојки.

– По повод овој Меѓународен ден на девојчето, ги повикувам сите влади да преземат мерки за да ги елиминираат сите видови насилство против девојките во сите делови од светот. Заедно, мора да создадеме свет во кој насилството против жените и девојките никогаш нема да се толерира и во кој што девојките се секогаш охрабрени за да го достигнат својот полн потенцијал, посочува Бан Ки Мун.

Во Македонија, според соопштението от УНДП, секое второ девојче на возраст помеѓу 2 и 14 години е физички казнувано во домот.

– Иако насилството е помалку прифатено отколку што е тоа случај на глобално ниво, сепак 14 проценти од девојките на возраст помеѓу 15 и 19 години сметаат дека постои оправдување за мажот кој ја тепа жената или партнерката во одредени ситуации. Ваквите бројки укажуваат дека сеуште се толерира насилството. Кога девојчињата во период на адолесценција се постојано физички казнувани од родителите, имаат тенденција и полесно да прифатат и толерираат физичка агресија од страна на партнерите. Постигнат е напредок во забранување на насилството против децата во сите средини, но сепак треба уште да се работи девојчињата да се да се здобијат со животни вештини, да се промени начинот на кој децата се воспитуваат во самото семејство, како и да се менуваат ставовите и нормите во однос на толерирање на насилство, се посочува во соопштението од УНДП.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Меѓународен ден на девојчето

Од:

На иницијатива на Обединетите нации денеска се одбележува Меѓународниот ден на девојчето, чија цел е да укаже на важноста на правата на девојчињата, но и да се нагласат предизвиците и можните решенија за остварување на тие права.

УНИЦЕФ и неговите партнери, како што е наведено во изјавата на претставникот Бертрат Демулен, по повод овој ден, се свесни дека девојчињата имаат потенцијал да остварат вистински промени, но сепак во светот 31 милион девојчиња на возраст за основно образование се уште не одат на училиште.

Во Македонија девојчињата се подеднакво застапени во основното образование, како и момчињата. Најновите податоци покажуваат дека 98 отсто од момчињата и девојчињата посетуваат основно образование.

– Во средно образование, во некои заедници поголема е веројатноста девојчињата да не одат на училиште во споредба со момчињата, или во споредба со други девојчиња од различни заедници. На пример, девојчињата од руралните места (76 проценти) се помалку застапени во средното образование во споредба со девојчињата од градските средини (93 проценти).  Само 35 проценти од девојчињата-Ромки и 70 проценти од девојчињата-Албанки посетуваат средно училиште, додека 96 проценти од девојчињата-Македонки посетуваат средно училиште. Бројките покажуваат дека девојчињата-Македонки се дури позастапени во средното образование во споредба со мочињата-Македонци (90 проценти), стои во изјавата на Демулен.

Според него, поради вкоренетите родови стереотипи во земјава, и понатаму на некои девојчиња не им е овозможено целосно да го завршат своето образование, како што и понатаму има жени кои наидуваат на пречки кога сакаат да земат учество на пазарот на трудот и во политичкиот живот.

– Образованието на девојчињата е најсилната можна развојна инвестиција. Тоа ја намалува сиромаштијата, неправичноста и дискриминацијата. Децата родени од образовани мајки се поздрави и имаат подобри изгледи за преживување. Кога на девојчињата ќе им се обезбеди образованието кое го заслужуваат, тие можат да придонесат кон благосостојбата во нивните заедници на чудесни начини, се вели во изјвата.

УНИЦЕФ апелира сите да размислат како да придонесат и со какви технолошки решенија може да се надминат родовите бариери кои ги попречуваат девојчињата да учат и постигнуваат. Од разни делови на светот има примери за ова како што се подобрување на превозот за да можат девојчињата да дојдат до училиштето, менторски програми во претпријатијата кои им помагаат на девојчињата да стекнат важни работни и лидерски вештини и да го олеснат нивниот премин од училиште на работно место, како и користење на мобилна технологија за подучување и учење со цел да се допре до девојчињата, особено во пооддалечените места.

Би можело да ве интересира

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

УНИЦЕФ: Убиството на децата во Газа мора да се запре, тие не се цел