УНИЦЕФ: Убиството на децата во Газа мора да се запре, тие не се цел

Од:

УНИЦЕФ, агенцијата на ОН која има за цел да обезбеди секое дете да го оствари своето право на здравствена заштита, образование, заштита и еднаквост, опиша „сцени на масакр“ по двата израелски напади на бегалскиот камп Џабалија во Газа, за време на кои Палестинците тврдат дека властите, загинаа најмалку 150 луѓе.

Израелските сили извршија воздушни напади врз кампот по неколкунеделни континуирани бомбардирања во кои наводно загинале повеќе од 3.500 деца, тврди УНИЦЕФ.

„Тоа би било над 400 убиени или повредени деца дневно, 25 последователни дена. Децата веќе претрпеа премногу. Убиството и заробувањето на децата мора да престане. Децата не се цел“, додаде агенцијата на ОН.

Би можело да ве интересира

Израелците пукаа кон границата со Египет, неколкумина шверцери се ранети

Израел приведе 15 лица на Западниот Брег, меѓу кои и деца

Лазарини: За шест месеци во Газа се убиени повеќе деца отколку во светот за четири години

Премиерката на Северна Ирска: Геноцидот во Газа мора да престане

Израелските војници убија двајца вооружени Палестинци на окупираниот Западен Брег

Во Газа загинале 34.305 луѓе