Маж се самозапали за време на протест

Од:

Маж се самозапали во Вашингтон, на плоштадот „Животите на црнците се важни“ за време на мирните пропалестински демонстрации по повод годишнината од нападот на Хамас врз Израел што доведе до војната во Појасот Газа.

Благодарение на брзата интервенција на полицијата пожарот е изгаснат, пишува Вашингтон пост.

Неколку полицајци истрчале да му помогнат на човекот, а и присутните демонстранти се обиделе да му пријдат и да му помогнат.

Откако полицајците го изгаснале пожарот, тие ја опколиле областа, а мажот кој се запалил е пренесен во болница каде што му била укажана помош поради повреди кои не се опасни по живот, изјави началничката на полицијата во Вашингтон, Памела А. Смит.

Би можело да ве интересира

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“

Медицински работници и пациенти се ранети во најновиот израелски напад на Газа

Нетанјаху за време на посетата на Газа: Израел ќе инсистира да го уништи Хамас

За шест месеци во Газа загинаа повеќе од 50.000 луѓе

Емануел Макрон му порача на Нетанјаху: Мора да заврши страдањето на цивилите во Газа

Хамас го отфрли израелскиот предлог за прекин на огнот