Макрон: Преговорите со Путин овозможиле напредок во Сирија

Од:

Претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави денеска дека преговорите со рускиот претседател Владимир Путин во Версај на 29 мај помогнале во тоа Русија и Франција да постигнат напредок по прашањето за Сирија.

– Соработката на нашите специјални служби на теренот е подигната на сосема поинакво ниво, во споредба со претходниот период, изјави Макрон во интервју за францускиот неделник „Журнал ди манш“.

Тој изнесе и некои разлики, кои постојат меѓу Франција и Русија по сириското прашање.

– Владимир Путин е сојузник на претседателот на Сирија Башар ал Асад, додека јас застапувам позиција според која остранувањето на Башар ал Асад од власт не е задолжителен услов за каква било натамошна иницијатива во Сирија. Но истовремено трагам по оние мерки, кои би овозможиле обнова во регионот истовремено ставајќи точка на тероризмот, рече Макрон.

Би можело да ве интересира

Почна средбата меѓу Путин и Си во Пекинг, по што ќе следи дискусија со учество на делегации

Горан Наумовски

Путин за атентатот на Фицo: Ова монструозно злосторство нема оправдување

Горан Наумовски

Путин потпиша указ за состав на новата влада на Руската Федерација

Путин одлучи: Бортников е нов директор на Федералната служба за безбедност на Русија

Путин оди во посета на Кина

Путин го смени Шојгу

Предраг Петровиќ