Лидерот на Боко харам ги повика своите следбеници да „убиваат, колат и киднапираат“

Од:

Лидерот на исламистичката терористичка групација Боко харам, Абубакар Шекау која дејствува во северните делови на Нигерија и во соседните земји, ги повика денеска своите борци да „убиваат, колат и киднапираат“ и да „фрлаат бомби насекаде“.

Заканата е упатена преку видео-снимка, објавена на социјалната мрежа Јутјуб на Интернет. Во неа Шекау ги демантира тврдењата на нигериската Влада дека групацијата е разбиена.

Претседателот Махамаду Бухари објави минатата недела дека армијата ја протерала Боко харам од нејзиното последно упориште во шумите и оти борците на групацијата се распрскани и се кријат.

Шекау на снимката изјавува дека е „жив и здрав“.

Би можело да ве интересира

Упад на Боко Харам во затвор во Абуџа, избегаа околу 300 затвореници

Ана Ололовска

Боко Харам го засилува влијанието на запад од Нигерија, заробени шест локални заедници

А1он

Во напад на Боко Харем убиени шестмина камерунски војници

Ана Ололовска

Најмалку 70 цивили убиени во два напада на исламистите во Нигер

Во Нигерија при напад на Боко Харам убиени најмалку седум луѓе

Жарко Настоски

Групата Боко Харам тврди дека киднапирала стотици ученици во Нигерија

Ана Ололовска