Лавров: Русија е „исклучително загрижена“ поради говорот на Трамп за Иран

Од:

Русија е „исклучително загрижена“ од изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој го оспорува иранскиот нуклеарен договор, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Трамп во вчерашното обраќање пред Генералното собрание на Обединети нации истакна дека нуклеарниот договор на Иран со шесте светски сили „е срам за САД“, додавајќи оти Вашингтон не може да го почитува договорот „доколку обезбедува покритие за евентуален развој на нуклеарната програма“.

Лавров, чија земја е една од потписничките на Договорот, истакна дека Москва не се согласува со ставот на Трамп.

– Тоа е исклучително загрижувачки. Ќе го браниме овој документ, овој консензус, кој беше олеснување за целата меѓународна заедница и вистински ја зајакна и регионалната и меѓународната безбедност, посочи Лавров.

И заканата на Трамп упатена кон Северна Кореја дека ќе биде „целосно уништена“ доколку ги загрози САД, наиде на осуда од Русија.

– Доколку единствено осудувате или се заканувате тогаш ќе ги антагонизирате земјите над кои сакаме да извршиме влијание, посочи Лавров.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува