Курц со критики за ЕМА, бара побрзо одобрување на вакцините

Од:

Австрискиот канцелар Себастијан Курц остро ја критикуваше Европската агенција за лекови (ЕМА), барајќи побрзо издавање на одобренија за вакцини против коронавирус.

– Не може вакцината да се одобрува побрзо во други земји отколку ЕМА“, рече Курц.

Како причина за критика го зеде одобрението за вакцината на компанијата „Џонсон и Џонсон“ во САД.

„- ЕМА сега е повикана да ја одобри вакцината Џонсон и Џонсон што е можно побрзо и небирократски, во согласност со сите научни стандарди, рече Курц во изјавата.

Тој процени дека вакцината може да донесе пресврт во борбата против пандемијата, бидејќи е потребна само една доза за целосна имунизација и може да се чува во обичен фрижидер.

Покрај тоа, нагласи тој, вакцината има висок ефект против тешки форми на болеста Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче