Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Од:

Тројца холандски скијачи загинаа денеска во лавина кај Соелден на австриските Алпи, соопшти австриската полиција.

Жртвите биле дел од група од 17 скијачи од Холандија кои се качувале кон планинско прибежиште со четворица австриски водичи, соопшти тиролската полиција.

„Непосредно пред 11 часот, за време на искачувањето кон засолништето Мартин Буш, источно од врвот Талеит, се појави лавина долга околу 180 метри и широка 80 метри“, се вели во соопштението.

Четворица членови на групата биле однесени од лавината, од кои двајца загинале кога спасувачите ги пронашле.

Останатите двајца се повредени. Еден од нив со хеликоптер бил пренесен во болница, а другиот останал на планината и подоцна починал, информираат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Австриската полиција трага по тројца Срби осомничени за убиство

Горан Наумовски

Петгодишно момче загина во одрон во Австрија

Горан Наумовски

Малолетничка од Црна Гора сакала да изврши напад во Грац

Горан Наумовски

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија