Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Од:

Селекторот на Австрија Ралф Рангник отстрани тројца играчи од тимот за претстојните пријателски натпревари поради хомофобија.

Фудбалерите на Рапид Виена, Марко Граул, Гвидо Бургсталер и Никлас Хедл не се во списокот за пријателските натпревари против Словачка и Турција, откако беа снимени како скандираат хомофобични пораки по дербито со Австрија Виена.

„Ова е нешто што нема да го толерирам во тимот каде што сум селектор. Се што се залагаме со репрезентацијата е на другиот крај на вагата и тоа им го кажав на играчите по телефон“, изјави Рангник.

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед и Лајпциг изјави дека суспензијата на играчот не е трајна, оставајќи ја можноста да бидат повикани за Европското првенство.

Би можело да ве интересира

Австриската полиција трага по тројца Срби осомничени за убиство

Горан Наумовски

Петгодишно момче загина во одрон во Австрија

Горан Наумовски

Малолетничка од Црна Гора сакала да изврши напад во Грац

Горан Наумовски

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена