Австриската полиција трага по тројца Срби осомничени за убиство

Од:

Српските државјани Саша К., Милован Д. и Саша Ј. се осомничени дека на 29 мај во Восендорф, Австрија брутално претепале двајца мажи, татко и син, на возраст од 29 и 66 години, по што постариот маж поради тешките повреди починал во болница.

Австриската полиција објавила потрага по тројца Срби, а според австриските медиуми, по расправија меѓу петмина, Србите брутално ги нападнале таткото и синот наводно тепајќи ги со раце и нозе.

Очевидци на драмата што се случила по забава повикале полиција, а во меѓувреме насилниците побегнале со автомобил во непознат правец, пишува австрискиот дневен весник „Кроне“.

Шеесет и шестгодишен маж почина во четвртокот како последица на тешките повреди, а потрагата по тројцата осомничени Срби продолжува поради извршеното убиство и нанесување на тешки повреди.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа, а осум се ранети во пукање во училиште во Мисисипи

120 австриски полицајци „ловеа“ маж кој си ја убил жената и активирал експлозив

Хоспитализиран еден од обвинетите за убиството на Вања и Панче

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Партијата формирана од нацисти победи во Австрија, правењето влада ќе биде тешко

Катерина Ѓуровски

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

Шериф е обвинет за убиство на судија во судот во Кентаки