Хоспитализиран еден од обвинетите за убиството на Вања и Панче

Од:

Велешанецот Боре Видевски, кој е еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски е префрлен на државната клиника.

Бранителот на Видевски, адвокатот Бојан Манев вели дека Видевски се наоѓа во тешка здравствена состојба и вчера бил пренесен на Клиника за нефрологија.

– Пратено барање и жалба на притвор. Барам цело време да се издржува во болнички услови, бидејќи реално не е за издржување затворски притвор. Последна жалба е на 5 септември и немаме никаков одговор.

Судењето за убиството на Панче и Вања почна на 20 септември, кога на обвинителна клупа во Основниот кривичен суд во Скопје седнаа, првообвинетиот Љупчо Палевски, како и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ако ме напуштиш, ќе завршиш како Росица“: Осум години насилство, страв и закани – потресно сведоштво на Ирена

Предраг Петровиќ

Министерот Клековски: Нездравата исхрана и неактивноста се коренот на проблемот, потребни се радикални превентивни мерки

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје

„Евростат“: Помалку убиства во Македонија за една деценија, Црна Гора предничи во регионот, а Литванија во ЕУ

Ново апсење во случајот со убиството на Илијан Филипов

Горан Наумовски