Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Од:

Керстин Н.(37) во четвртокот се појавила пред регионалниот суд во Линц, Австрија, поради убиство од небрежност.

Имено, таа беше обвинета за убиството што го извршија нејзините три кучиња Елмо, Куки и Пинат на 2 октомври 2023 година.

Херта А.(60), која џогирала по улицата, буквално била распарчена од три борбени кучиња, така што истражителите тешко можеле да утврдат дека е таа.

Жртвата е идентификувана врз основа на отпечатоци од прсти.

Според извештаите, животните тежеле речиси исто колку и жртвата, околу 75 килограми.

Од големо оштетување на мекото ткиво на вратот и лицето починатата Херта А. имала разни скршеници на коските на левата страна од телото. Таа починала поради загуба на крв и емболија.

„Како сопственик, јас сум одговорна за кучињата во секое време. Навистина ми е жал“, изјави Керстин Н. на судењето.

Жената е осудена на 15 месеци затвор, од кои 10 ќе бидат условни, плус отштета од 20.000 евра што мора да ги плати на вдовецот и синот на починатата, пренесува Билд.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Маж во Сплит чувал волци и кучиња во нехумани услови

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Општини за еднодневен престој на куче во прифатилиште плаќале за 244 отсто повеќе од просечната цена

Орце Костов

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски