Куомо предупреди на уставна криза во САД ако Трамп се обиде да ја отвори државата Њујорк

Од:

Ендру Куомо, гувернер на Њујорк, предупреди претседателот Доналд Трамп да не се обидува да ја отвори сојузната држава наспроти неговите одлуки, со напомена дека тоа ќе предизвика „уставна криза каква што досега не сте виделе со децении“.

Во интервју за Ем-ес-ен-би-си денеска, Куомо рече дека таквиот тек на настаните би придонел кон драматично зголемен број на случаи од коронавирус и дека ако Трамп побара од него да ја отвори Њујорк, тој ќе се спротистави.

-Ситуацијата сигурно ќе стане полоша ако претседателот создаде уставна криза, изјави тој, предупредувајќи дека прераното отварање на економијата би било јавен ризик и опасно за благосостојбата на луѓето.

На редовниот брифинг по повод коронавирусот синоќа, Трамп изјави дека тој има апсолутна моќ да одлучува за секоја држава.

Откако заврши брифингот, десет американски сојузни држави синоќа објавија дека имаат план како да ги отворат своите економии запрени поради коронавирусот, независно од повиците на Белата куќа.

Тоа се Калифорнија, Орегон, Вашингтон, Њујорк, Њу Џерси, Конектикат, Делавер, Пенсилванија, Род Ајленд и Масачусетс, држави кои придонесуваат со најзначаен дел во американската економија.

Трите држави од западниот брег се предводени од Гавин Њусам, гувернер на Калифорнија, додека седумте од источниот брег се предводени од Куомо, гувернер на Њујорк.

Тој укажа дека државите, согласно своите проценки за тоа колку е безбедно, и дали вирусот повеќе не претставува јавна опасност, ќе ги отворат бизнисите независно од повиците на Белата куќа.

Тој изјави дека коментарите на Трамп за „тотална надлежност“ не претставуваат само искривување на Уставот, туку дека се „кршење на Уставот“.

-Немаме крал, туку претседател, порача Куомо.

Би можело да ве интересира

Трамп најави дека ќе ги олесни прописите на Бајден за поседување оружје

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена