Како се промени светот во 2014-та?

Од:

Атлантик – Вашингтон

Од индустриски роботи до производство на пченица, до жени-милијардери, ова се статистики кои ѕиркаа зад кулисите оваа година.

Оваа година се соборени рекордите од број на милијардери до број на бегалци. Исто така се случи ова да е најтоплата година забележана досега и се одликува со највисоки од било кога нивоа на производство на пченица и на продажба на индустриски роботи. Статистичките податоци подолу покажуваат како се промени светот оваа година, на два начини, и големи и мали.

100-200 проценти: Зголемување на бројот на државни удари од 2013. Оваа година, владите на Тајланд и Буркина Фасо беа соборени од нивните војски. Во меѓувреме, во Украина демонстрантите и гласањето на пратениците во украинскиот парламент го сменија тогашниот претседател Виктор Јанукович. Постои одредена дебата околу тоа дали настаните во Киев технички се сметаат за државен удар, како што тврди Јанукович, но според академските дефиниции, и како што пишува експертот Џеј Улфелдер, “тврдењето на Јанукович е точно”. Во секој случај, иако државните удари беа многу ретки во светот, 2014-та бележи скок во споредба со еден успешен државен удар минатата година, оној во Египет.

12.5 проценти: Намалување на членството на она што беше Групата 8 водечки индустриски демократии – најголемото и единствено намалување кога било. Откако Русија беше исфрлена надвор од ексклузивниот клуб како последица од анексијата на Крим во март, Г-8 стана Г-7. Русија беше последната членка која му се приклучи на ексклузивниот клуб и првата што си замина; групата е сега повторно со истото членство како во 1998 година.

19 проценти: Зголемување на бројот на милијардери во светот во 2014 година, според годишната листа на милијардери на Форбс. Во март оваа година, имало 1.645 милијардери на планетата, вклучувајќи и 268 нови, што е најголем годишен раст од стартувањето на форбсовата листа во 1987 година. Годинава беше забележано и 25-процентно зголемување на бројот на жени милијардери, што е највисока стапка досега, иако со 172 женски милијардери жените сè уште сочинуваат само околу 10 проценти од вкупниот број милијардери на листата.

55 проценти: Процент на земји истражувани во рамките на студијата на Фридом хаус “Слободата на интернетот 2014”, во кое беше забележан пад на слободата на интернет во 2014 година. Тоа не значи дека 2014 беше уникатно лоша – Фридом хаус мери пад на слободата на интернетот во четири од пет години откако се прави извештајот. Но, меѓу 65-те земји опфатени со извештајот оваа година, во повеќе од половината имало предлози за нови законски ограничувања на слободата на изразувањето на интернет. “Како резултат на тоа”, пишуваат авторите на извештајот, “во 2014 година се уапсени повеќе луѓе поради своите интернет активност од кога било досега.”

17 проценти: Зголемување на потенцијалот за производство на опиум на Авганистан во споредба со 2013 година. Оваа година, Авганистан го собори својот претходен рекорд за производство на афион кој го постави минатата година. Афионската индустрија во земјата расте секоја од последните три години; ОН сега проценуваат дека земјата може да  произведе 6,400 тони опиум, што е производствен бран од 40 отсто во споредба со талибанската ера во 1999 година, кога врвот беше 4.565 тони.

15 проценти: Се очекува зголемување на индустриски роботски инсталации во светот во споредба со минатата година. Оваа година е на добар пат да се пробие рекордот од 2013 на најголем број на индустриски роботи продадени било кога, што делумно се должи на зголемувањето на автоматизацијата во производството. Кина води во светот како земја со најмногу индустриски роботи. Имајте на ум дека “индустриските роботи не потсетуваат на човечки суштества; роботот во човечки облик се нарекува андроид”.

1.2 проценти: Границата со која големината на кинеската економија ќе ги надмине САД за првпат во 2014 година, според податоците на Меѓународниот Монетарен фонд. ММФ го мери бруто домашниот производ на секоја земја според паритетот на куповната моќ која ги следи меѓусебните односи на валутите според нивната куповна моќ во однос на одреден ист збир на стоки и услуги во земјите. Според други мерења, САД ќе ја предводат светската економија можеби уште една деценија.

0.6 проценти: Зголемување на производството на пченица во светот од минатата година. Според Меѓународниот совет за житарки (International Grains Council), овогодишниот род на пченицата ќе биде на највисоко ниво досега. Во меѓувреме, иако, Русија, која е еден од најголемите светски добавувачи на пченица, го има ограничено извозот, опаднатата валута ги покачи домашните цени за храна и други стоки.

1.22°F: Просечен број на степени со кои глобалната температура го надмина просекот во 20-тиот век. Тоа ја прави 2014 до денес најтоплиот период откако научниците почнаа со мерењата, соборувајќи го претходниот рекорд од 0,02°F кој беше поставен во 2010 година.

40 проценти: Пад на цената на еден барел нафта од највисоката цена за 2014, од летоска. Цените на нафтата сега се на најниското ниво во последните пет и пол години, како последица од намалената глобална побарувачка и проширените алтернативни енергетски резерви. Фајненшл Тајмс го нарече овој пад на цените “најголемиот шок за глобалната економија оваа година”, забележувајќи дека неговите ефекти може “да фрлат песок врз функционирањето на вообичаените економски односи.” 

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина