Јужна Кореја ја запре вакцинацијата со „АстраЗенека“ за лица под 60 години

Од:

Јужна Кореја одлучи да ја прекине програмата за имунизација од Ковид-19 со вакцината на компанијата „АстраЗенека“ за лица помлади од 60 години поради загриженост за згрутчување на крвта, јави Јонхап.

Организирани да започнат утре, исто така, ќе бидат откажани и програмите за вакцинација со „Астра Зенека“ за инструктори за специјално образование и наставници во градинки, основни и средни училишта, за вкупно околу 70.000 лица. Со нарушување на распоредот за вакцинација, Јужна Кореја би можела да биде под силен притисок да постигне имунитет на стадо до ноември.

– Ја донесовме оваа одлука за претпазливост за пред се да ја ставиме безбедноста на луѓето кои примаат вакцини против Ковид-19 , рече шефот на корејскиот центар за контрола и превенција на болести.

Тој додаде дека „врз основа на наодите на ЕМА, ќе се спроведат дискусии со експерти и брзо ќе се реагира“.

Би можело да ве интересира

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски

Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море

ВИДЕО: 37.000 извидници евакуирани од камп во Јужна Кореја пред налетот на тајфунот Канун

Катерина Ѓуровски

Поплави и свлечишта во Јужна Кореја, стотици луѓе евакуирани

Горан Наумовски