Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море

Од:

Деталите за лансирањето ги анализираат јужнокорејските и американските разузнавачки служби, се вели во соопштението на јужнокорејскиот Генералштаб, пренесува Ројтерс.

Тоа е најновото во серијата ракетни тестови и воени вежби кои Пјонгјанг ги спроведува во последните недели, вклучувајќи го и неуспешното лансирање на шпионски сателит на крајот од минатиот месец.

Јужна Кореја во петокот објави санкции против пет севернокорејски поединци и една компанија вклучена во развојот на нуклеарната и ракетната програма на земјата.

Севернокорејската новинска агенција KCNA во четвртокот објави дека Пјонгјанг извршил симулиран нуклеарен напад врз цели низ Јужна Кореја, што предизвика критики од Сеул.

Годишните заеднички воени вежби меѓу Јужна Кореја и САД, познати како Штитот на слободата на Улчи, завршија во четвртокот по 11-дневни воздушни маневри во кои беа вклучени и стратешки бомбардери Б-1Б.

Северна Кореја протестираше поради распоредувањето на американски авиони способни да носат нуклеарно оружје, истрелајќи две балистички ракети само неколку часа подоцна како одмазда.

Пјонгјанг долго време ги критикува овие вежби, кои ги гледа како проба за војна.

Би можело да ве интересира

Средба кој ги менува работите: Путин оди во Северна Кореја

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

ВИДЕО: Северна Кореја се обиде да лансира шпионски сателит, не успеа

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Ким Јонг-ун: Време е да бидеме подготвени за војна

Северна кореја се пофали: Путин насокро доаѓа во посета