САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

Од:

Претстојна посета на рускиот претседател Владимир Путин на Северна Кореја би можела да ги продлабочи воените врски меѓу двете земји што ќе ги прекрши резолуциите на Советот за безбедност на ОН, предупредија денеска претставници на Јужна Кореја и на Соединетите Американски Држави.

Заменик-министерот за надворешни работи на Јужна Кореја, Ким Хонг-кјун, во итен телефонски разговор со американскиот заменик државен секретар Курт Кембел изјави дека посетата на Путин не треба да резултира со поголема воена соработка меѓу Пјонгјанг и Москва, што е прекршување на резолуциите, соопшти Министерството за надворешни работи на Сеул.

Повторувајќи ја загриженоста на Ким, Кембел вети континуирана соработка за справување со потенцијалната регионална нестабилност и предизвиците предизвикани од патувањето.

„Додека внимателно ги следат настаните поврзани, двете страни се согласија одлучно да одговорат на провокациите на Северна Кореја против Јужна Кореја и дејствијата што ги ескалираат тензиите во регионот со цврста соработка“, се вели во соопштението на Министерството.

Во средата, висок функционер во претседателската канцеларија во Сеул рече дека се очекува Путин да ја посети Северна Кореја „во наредните денови“. Рускиот весник Ведомости во понеделникот објави дека Путин во наредните недели ќе ги посети Северна Кореја и Виетнам.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во четвртокот одби да прецизира датум или агенда за можна посета, но рече дека правото на Русија да развива поблиски врски со Северна Кореја не треба да биде доведено во прашање или да биде извор на страв за никого.

Русија користела ракети и артилериски гранати од Северна Кореја за да нападне цели во Украина, изјавија официјални лица во Вашингтон, Сеул и Киев, како и набљудувачи на санкциите на Обединетите нации и независни експерти.

Северна Кореја и Русија ги негираа договорите за оружје, но ветија дека ќе ја продлабочат соработката во сите области, вклучително и воените односи.

Во сведочењето во Конгресот во март, американската директорка за национално разузнавање Аврил Хејнс рече дека Русија била принудена поради нејзината потреба за поддршка во војната против Украина да направи некои „долго барани отстапки“ за Северна Кореја, како и за Кина и Иран „со потенцијал да ги поткопа, меѓу другото, долгорочните норми за неширење“.

Хејнс не елаборираше за нејзината изјава, но спомнувањето на слабеењето на нормите за неширење на нуклеарното оружје се чинеше дека е предупредување дека Русија може да и испорача на Северна Кореја воена технологија.

Би можело да ве интересира

Русија го нападна Киев со беспилотни летала

Русија осуди американски новинар: 16 години затвор

(ВИДЕО) Путин направи грешка, за малку ќе предизвикаше сообраќајка

Горан Наумовски

Ако победи Трамп, финансискиот товар за помош на Украина ќе се промени на штета на ЕУ тврди Орбан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се шири снимка: „Украинец во цивилна облека истрела крстаречка ракета кон Русите од рамо“

Русија за обидот за атентат на Трамп: САД поттикнуваат омраза кон политичките противници