Си Џинпинг: Кина и Русија се чувари на глобалната стратешка стабилност

Од:

Кина и Русија треба да ја продлабочат сеопфатната стратешка соработка, заеднички да ја заштитат глобалната стратешка стабилност и меѓународната правда, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг на средбата со рускиот лидер Владимир Путин во рамките на Самитот на БРИКС во Казан.

„Русија и Кина, како постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации и големите светски сили, треба да ја продлабочат сеопфатната стратешка соработка, тесно да соработуваат и да се координираат во рамките на мултилатералните механизми како што се ОН и Шангајската организација за соработка (SCO)“, рече Си.

Според Си Џинпинг трговската соработка меѓу двете земји активно се развива и покрај сложената меѓународна ситуација.

Тој посочи дека пред земјите е промоцијата на иницијативата „Појас и пат“ и Евроазиската економска унија, со цел да се даде поттик и поддршка на квалитативниот развој на двете економии.

Покрај тоа, Си нагласи дека Пекинг смета на развој на стратешка и практична соработка меѓу земјите од БРИКС.

Би можело да ве интересира

На состанокот на ОБСЕ Блинкен предупреди дека Русија ја загрозува европската безбедност

Лавров: Постои опасност студената војна да се претвори во жешка фаза

Кадиров бара руска правда за својот сонародник Муслиман Мурдиев

Почина мачката на Путин: Имаше симболично име

Руски брод пукал со сигнална муниција кон германски хеликоптер

Горан Наумовски

Роднина на Путин го откри приближниот број на исчезнати руски војници во војната со Украина