Средба кој ги менува работите: Путин оди во Северна Кореја

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин ќе престојува во државна посета на Северна Кореја на 18 и 19 јуни, соопшти прес-службата на Кремљ.

„На покана на претседавачот за државни прашања на Демократска Народна Република Кореја, Ким Џонг Ун, претседателот Владимир Путин од 18 до 19 јуни ќе престојува во пријателска државна посета на Демократска Народна Република Кореја“, се наведува во соопштението.

Ким Џонг Ун не беше домаќин на ниту еден светски лидер во Пјонгјанг од пандемијата „Ковид-19“.

Последен пат Путин ја посети Северна Кореја во 2000 година. Потоа во Пјонгјанг се сретна со тогашниот шеф на републиката Ким Џонг Ил.

Американските медиуми со загриженост пишуваат дека се очекува оваа посета да биде внимателно следена и дополнително да го зајакне растечкото партнерство меѓу двете сили, кое се заснова на „нивното заедничко непријателство кон Западот“.

Американските медиуми потсетуваат дека Соединетите Држави, Јужна Кореја и други земји ја обвинија Северна Кореја за обезбедување голема воена помош за руските воени напори во последните месеци, додека набљудувачите изразија загриженост дека Москва можеби ги прекршува меѓународните санкции за да му помогне на Пјонгјанг да ја развие нејзината нова воена сателитска програма. Двете земји го негираа извозот на оружје од Северна Кореја.

Би можело да ве интересира

Ако победи Трамп, финансискиот товар за помош на Украина ќе се промени на штета на ЕУ тврди Орбан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се шири снимка: „Украинец во цивилна облека истрела крстаречка ракета кон Русите од рамо“

Признаа: „Се обидовме да го убиеме Путин“

(ВИДЕО) Зеленски: Сите ги чекате изборите во САД, Украина не може да чека до нември

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хезболах со дрон ги снимал израелските воени бази и го објави видеото

(ВИДЕО) Украинските партизани објавија снимка: Ја саботиравме клучната пруга во Русија