Јохансон: ЕУ ќе одржи меѓународна конференција за преселување на авганистанските бегалци

Од:

Европската Унија во септември ќе одржи меѓународна конференција за решавање на прашањето за преселување на авганистанските бегалци во различни земји, напиша еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон на Твитер.

„Во септември ќе свикам меѓународен форум за преселување на високо ниво за да разговараме за конкретните приоритети со земјите од ЕУ и да најдеме трајни решенија за најранливите луѓе во Авганистан, особено жените и децата, активистите за човекови права, новинарите и адвокатите. Ќе работиме заедно на координиран пристап за создавање легални начини за преселување (на бегалците)“, напиша таа по завршувањето на вонредниот состанок на Советот на ЕУ на ниво на министри за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Криумчареле Кинези и Авганистанци, приведени двајца

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Малолетник од Скопје шверцувал седум мигранти од Египет

Горан Наумовски

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7