Малолетник од Скопје шверцувал седум мигранти од Египет

Од:

Синоќа во 20 часот на земјен пат во близина на мостот на Серменинска река во с.Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица уапсиле малолетник од Скопје.

„При контрола во возило „хјундаи“, кое тој го управувал, а на кое имало скопски регистарски таблички кои припаѓале на друго возило, биле пронајдени седум лица мигранти од Египет. Откако бил забележан од полициските службеници тој се обидел да побегне, но набргу бил фатен и приведен во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, извести МВР.

Би можело да ве интересира

Исламско здружение од Македонија на терористичка листа на Египет

Катерина Ѓуровски

Египет одобри воена поддршка за Саудиска Арабија, Хутите велат дека тоа е објава на војна

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Водителка од Египет осудена на смрт со бесење

A1on