Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

Од:

Пет мигранти денеска се удавија во реката Купа во Хрватска, соопшти Полициската управа на Приморско-горанската жупанија.

Во 15:30 часот, полициски службеници од Полициската станица Врбовско добија известување од регионалната полиција дека во реката Купа, во пограничниот појас кај местото Дамаљ, во близина на Северин, се наоѓаат неколку лица за кои се претпоставува дека се мигранти.

По пристигнувањето на местото на настанот, полициски службеник од Делнице скокна во реката Купа и заедно со својот колега, а со помош на граѓани, успеа да извлече на брегот и да спаси пет странски државјани.

Според досега утврдените информации, во групата имаше 24 лица. Четиринаесет од нив успеаја да ја преминат реката и се наоѓаат на територијата на Словенија, петмина беа спасени, додека преостанатите петмина се удавиле.

Во тек е криминалистичко истражување со кое ќе се утврдат сите релевантни факти и околности за овој настан.

Би можело да ве интересира

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

ВИДЕО: Торцида пееше: „Ана Франк не е светица. Таа е еврејска ку*ва

(ВИДЕО) Скандал во Хрватска: „Аушвиц, Аушвиц“, „Стани, Адолф“ и „Газете ги Евреите“

Драма над Хрватска: Авион полн со патници испрати сигнал за киднапирање,веднаш беа кренати ловци „Рафал“

Истрага: Хрватска европратеничка ги доведе пријателите во Стразбур и потроши над 1.000 евра за вечера во елитни ресторани

А1он

Ветераните бараат да му го откажат настапот на Бајага во Пула: Градоначалникот остро им одговори