ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Од:

Европската Комисија (ЕК) денеска ја објави одлуката на Европската унија за натамошна поддршка за Украина, која вклучува една милијарда евра помош за Киев како дел од заемот од земјите од Групата седум (Г7).

„Работиме во сите правци за да ја зајакнеме земјата и да поддржиме праведен и траен мир според условите на Украина. Денешните плаќања и договори се исто така инвестиција во нашата заедничка иднина“, рече претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен по повод десеттиот состанок на Советот за асоцијација ЕУ-Украина, што се одржа во Брисел.

Во соопштението на ЕК се вели дека дополнителната 1 милијарда евра макрофинансиска помош во рамките на заемот од Г7 „ќе биде вратена со средства од замрзнатите руски државни средства во ЕУ“.

Би можело да ве интересира

Украина ќе произведува ракети „Патриот“

Украинци погодија автобус што превезуваше белоруските деца од фудбалски тим

Горан Наумовски

Лавров: Не е лошо Украина да се приклучи на ЕУ – така ќе се уништи Унијата

Горан Наумовски

Мерц: Европа и САД го усогласија својот став за Украина

(ВИДЕО) Се урна украински Су-24, загинаа двајцата членови на екипажот

Војниците го одлучуваат исходот во Украина

Горан Наумовски