Лавров: Не е лошо Украина да се приклучи на ЕУ – така ќе се уништи Унијата

Од:

Можеби не би било толку лошо ако Украина се приклучи на Европската Унија. Така едноставно Унијата ќе се распаднала, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Од перспектива на внатрешните проблеми на ЕУ, можеби не би било толку лошо ако Украина стане членка. Тие едноставно би се распаднале, рече Лавров на заедничката прес-конференција со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

Ако сакаат да заборават на економијата, тогаш треба да го поканат Зеленски во ЕУ, додаде тој.

Според Лавров, пристапувањето на Украина во Европската Унија ќе го искористат оние кои сакаат да ја милитаризираат оваа политичка асоцијација.

Лавров нагласи дека Западот отсекогаш се карактеризирал со дволичност.

– Западниот свет отсекогаш се одликувал со својата дволичност, а овие навики останале до ден-денес, рече Лавров.

Рускиот министер го окарактеризира недостатокот на подготвеност на европските земји да коментираат за нападите на Киев врз руски цивили, објави Спутник.

„Ова е отворено признание, саморазоткривање; не гледам ништо друго“, рече тој на прес-конференција.

Би можело да ве интересира

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

Сиљановска-Давковa во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

А1он

„Политико“: Европската унија подготвува патокази за Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија

А1он

Москва до Вашингтон: „Ослободете го Мадуро“

(ВИДЕО) На работ на пропаст: Нема храна, вода ни лекови, луѓето од очај јадат трева

Вучиќ со Лавров во Њујорк: „До крајот на септември ќе потпишеме нов договор за гасниот аранжман со Русија“