Криумчареле Кинези и Авганистанци, приведени двајца

Од:

На граничната линија помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица синоќа во 19.30 часот забележале пет лица при обид илегално да ја преминат државната граница.

Како што соопшти МВР, притоа, од слобода биле лишени Л.Ј.(35) и 17 – годишник од Кина и У.К.(23) од Авганистан, додека две лица го напуштиле местото. Набргу, по преземени мерки и активности, а поради сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 – Б од Кривичниот законик, исто така, во близина на граничната линија биле лишени од слобода Д.Т.(32) и 49 – годишната В.Т., двајцата од Гевгелија. Во нивна близина биле пронајдени мобилни телефони кои биле подигнати за понатамошна постапка, а тие биле задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод