Јанша свесно крева прашина за да не одговара за нарушувањето на медиумските слободи во Словенија, пишува „Зидојче цајтунг“

Од:

Словенечкиот премиер Јанез Јанша со испланирана провокација ја избегна дебатата за медиумските слободи во Словенија во Европскиот парламент. Ваквото однесување ја зголеми нервозата во Брисел поврзана со претстојното словенечко претседателство со ЕУ, пишува денеска германскиот весник “Зидојче Цајтунг“.

Весникот од Минхен пишува дека Јанша, „приврзаник на Виктор Орбан и Доналд Трамп, жесток антикомунист и теоретичар на заговор“, бил поканет од поткомитетот на Европскиот парламент за демократија, владеење на правото и основните права на онлајн дебата за состојбата со слободата на медиумите во неговата земја.

Според весникот, ова се редовни сослушувања на кои претходно присуствувале и други премиери, но Јанша само „се вклучил, инсистирал на краткорочна промена на дневниот ред, не се согласил на никакви компромиси, предизвикал скандал, а потоа тој и неговиот министер за култура се правеле глуви“.

– Европските пратеници прво беа запрепастени, а потоа и лути, пишува весникот, а пренесува порталот „Еурактив Србија“.

„Зидојче Цајтунг“ наведува дека Јанша инсистирал на дискусијата да се прикаже видеото што наводно го добил неколку часа претходно и оти сите убедувања тој претходно да го изнесе својот став „биле неуспешни и веројатно не требало да бидат успешни“. „Јанша инсистираше на подготвеното видео, зборуваше за цензура и – избега“, а потоа на Твитер го објави видеото за наводни напади на левичарски врз десничарски новинари.

– Неколку дена пред тоа, Јанша на Интернет објави видео со наслов „Владеењето на правото на словенечки начин“, со кое очигледно сакаше да докаже дека пост-комунистичките клики стратешки ги поткопуваат општеството и политиката, пишува Зидојче Цајтунг.

Германскиот весник потсетува дека медиумите во Словенија беа во тешка позиција и пред Јанша да стане премиер по трет пат во последните 20 години со неговата коалиција на десниот центар.

– Со години се известуваше за влијанието на унгарските олигарси врз словенечкиот медиумски пазар. Јанша и неговата партија СДС градат своја конзервативна империја околу 24 Нова ТВ и бројни регионални весници. Последниот акт беше притисок врз државната новинска агенција СТА и јавната телевизија РТВ, се наведува.

Според весникот, Јанша ги гледа медиумите во Словенија како дел од „посткомунистичката левичарска инструментализирана машинерија во распаѓање“, новинската агенција СТА ја нарекува „национална срамота“ и бара кривична истрага против нејзиниот директор, а РТВ е под финансиски и политички притисок и од 1 април треба да добие нов директор кој е „по волја на Јанша“.

Според „Зидојче Цајтунг“, словенечките медиуми пишуваат и за формирање на алтернативна новинска агенција, Национална новинска агенција (НТА), со помош на финансиери од партијата СДС на Јанша.

Весникот ја пренесува оценката на новинарот Блаж Згага, дека во Словенија, по „распадот на СТА, со државни пари треба да се гради нова агенција“ и оти „директната цел за контрола над информативните и медиумските куќи е контрола над целата земја“.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он