Нигериските исламисти од Боко Харам го нападнаа денеска камерунскиот град Фотокол и убија десетици цивили и војници, јавија западни емдиуми повикувајќи се на изјави на очевидци.
Голем број куќи се опожарени. Големата џамија во градот исто така е опожарена од исламистите.
Фотокол се наоѓа на границата на Камерун со Нигерија. Меѓу жртвите се и 20 луѓе убиени во Големата џамија во Фотокол.
Во исто време амријата на Чад уби над 200 припадници на Боко Харам за време на судири во Нигерија. Судирите беа во нигериските градови Гамбору и Нгала близу границата со Камерун.