Ишингер: Србија и Косово треба да слават успех како Република Северна Македонија и Грција

Од:

Што ги спречува Србија и Косово да постигнат договор како што тоа го направија Грција и Република Северна Македонија, праша денеска претседавачот со Минхенската конференција за безбедност, Волфганг Ишингер, кој повеќе пати бил посредник во решавање на косовското прашање, додавајќи дека е тажно бидејќи се уште не се решени клучни прашања.

Ишингер, отварајќи ја панел дискусијата „Безбедноста во Југоисточна Европа: два чекора напред, еден чекор назад“, ги запрашал српскиот претседател Александар Вучиќ и неговиот косовски колега Хашим Тачи што ги спречува исто како лидерите на Грција и на Република Северна Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев, да ја прослават приказната за успех и зошто е толку тешко да се постигне договор.

– Сакам да пробаме да разбереме зошто е толку тешко да се постигне договор. Што ги отежнува работите од ваша страна, зошто да не го славиме успехот на 2019 година?, праша германскиот дипломат.

Ишингер додаде дека со косовскиот проблем и самиот бил соочен, во текот на својата дипломатска кариера, уште од 1995 година, кога како главен преговарач на германската влада, работел на решавање на судирите во БиХ.

Би можело да ве интересира

Макрон – Мицотакис: Пријателството на Франција и Грција е важно за Европа и иднината на сите

Спасени 107 мигранти на грчките острови Лезбос и Кос

Коснет: Косовското Собрание донесе значајна одлука за формирање Влада со нови идеи

Интервју за Фигаро на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис

Ана Ололовска

Воз усмрти мигрант во Грција

Ана Ололовска

Харадинај: Сега народот одлучува кој ќе ја води државата

Ана Ололовска