ХРВ: Јордан депортира повредени сириски бегалци

Од:

Јорданските власти депортираат „повредени сириски бегалци“, вклучително ранети мажи и деца без придружба, соопшти денеска „Хјуман рајт воч“ (ХРВ).

Организацијата за заштита на човекови права тврди дека меѓу депортираните се 12 Сиријци, кои се лекувале во центар за рехабилитација и четворица бегалци, од кои три деца, кои биле приведени од јорданскатра гранична полиција во близина на сириската граница.

Јорданските власти демантираат дека се депортирани сириски бегалци и оти тие се одведени во други болници.

– Јордан има тежок товар со бегалците, но не треба да ги праќа во конфликтна зона, каде има закана по нивниот живот, уште помалку повредени деца и мажи, кои дури не можат да одат. Такви депортирања создаваат атмосфера на страв, кај сите бегалци, изјави заменик-директорот за Блискиот Исток во ХРВ, Надим Хури.

Конфликтот во Сирија од март 2011 година принуди 3,2 милиони луѓе да ја напуштат земјата. Во Јордан има 619.000 бегалци.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град