Израел нападна сириски град, 38 загинати

Од:

Во израелските напади врз сирискиот град Алепо рано утринава загинаа 38 лица, вклучително и пет членови на либанската милитантна група Хезболах, изјавија два безбедносни извори за Ројтерс.

Претходно сириското Министерство за одбрана извести за нападите на Израел и милитантните групи врз северниот сириски град Алепо и „неколку цивили и војници загинаа“.

Израелските воздушни напади беа насочени кон неколку области околу Алепо околу 1.45 часот по локално време, се вели во соопштението на Министерството.

Нападите се совпаднаа со нападите со беспилотни летала од градот Идлиб и западниот рурален Алепо, за кои Министерството рече дека биле извршени од „терористички организации“.

„Нападите резултираа со смрт и ранети голем број цивили и војници и предизвикаа материјална штета на јавен и приватен имот“, објави Министерството, но не го прецизира точниот број на загинати, ниту дали жртвите се резултат на Израелски или милитантни напади.

Израелската војска одби да ги коментира наводите за напади.

Според Ројтерс, од нападите на Хамас врз израелските цивили и војници во октомври минатата година, Израел ги ескалирал нападите врз, како што тврди, упоришта на милициите поддржани од Иран во Сирија. Ја погоди и воздушната одбрана на сириската армија и некои сириски сили.

Израел со години извршува слични напади во Сирија, каде што влијанието на Техеран се зголеми откако почна да го поддржува претседателот Башар ал Асад во граѓанската војна што започна во 2011 година.

Борците поврзани со Иран, вклучително и Хезболах, сега контролираат големи делови од источна, јужна и северозападна Сирија и неколку предградија околу главниот град.

Израел и Хезболах разменуваат оган преку израелско-либанската граница откако изби војната во Газа, што е најголема ескалација од едномесечниот конфликт во 2006 година, потсетува агенцијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети