Американската „CNN“ иако важи за една од најдобрите светски телевизии, во последно време на овој канал се случуваат се повеќе гафови. Поради тоа започнаа да се прават шеги и на социјалните мрежи, на нејзина сметка. Ова се дел од гафовите и грешките на оваа телевизија.
Известувањето на „CNN“ за нападот на Ерусалим на 18-ти ноември предизвика бурни реакции, како во Израел така и во другите држави. Во напад на синагогата во главниот град на Израел загинаа 4 Израелци, но во насловот кој се појави пишуваше дека загинале четворица Израелци и двајца Палестинци, без да се наведе дека всушност Палестинците го извеле нападот во синагогата.
За да биде бламот уште поголем, информираа дека нападот е извршен во џамија во Ерусалим, што дополнително го навреди еврејскиот народ.
Во тек на референдумот во Шкотска, новинари од „CNN“ пресметале дека 110 проценти од граѓаните на Шкотска излегле на изборите. Ова предизвика лавина коментари на сметка на математичките и логички способности на екипата која работи во редакцијата.
Во едно емитување на вести од светот „CNN“ објави мапа на Велика Британија, на која Лондон не беше на своето место, што секако ги вознемири Британците, а во една прилика Кан од Франција го преместија во Шпанија, Хонг Конг во Јужна Америка.
Во тек на пренос од светот за пречек на Нова година, Окланд од Нов Зеланд за миг стана дел од Австралија, а главниот град на Малезија Куала Лумпур се најде во Индонезија.
„CNN“ во свој манир го пресели и украинскиот град Славјанск на полуостровот Крим.
Кога започна епидемијата со смртоносниот вирус ебола, оваа телевизија Нигер го поистовети со Нигерија, што не помина незабележано кај гледачите.
Исто така голема грешка направија и кога на интернет објавија вест дека е убиен американскиот претседател Барак Обама. Во вести во живо информираа дека „американски маринец (фока), тврди дека го убил Обама“ наместо Осама Бин Ладен.
Е. Г.