ФДА издаде ново предупредување за несакани ефекти на вакцината на Ј&Ј против Ковид-19

Од:

Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) додаде ново предупредување за вакцините против Ковид-19 на Џонсон и Џонсон (Ј&J) нагласувајќи дека податоците сугерираат дека постои зголемен ризик од развој на ретко невролошко нарушување шест недели по вакцинацијата.

Во писмо на компанијата до ФДА се наведува дека шансите за развој на синдром Гилен-Баре (Guillain-Barré) по вакцинацијата се „многу мали“. Но, додаваат дека оние кои примиле вакцина J&J треба да побараат лекарска помош доколку се чувствуваат слабо, имаат потешкотии при движење.

Околу 12,8 милиони луѓе примиле вакцина J&J во САД, а пријавени се и 100 извештаи за ГБС кај вакцинираните со вакцината, вклучувајќи 95 сериозни случаи кои бараат хоспитализација и еден потврден смртен случај.

ГБС е ретка невролошка состојба во која имуниот систем ја напаѓа заштитната обвивка на нервните влакна. Повеќето случаи се придружени со бактериска или вирусна инфекција, а повеќето луѓе се опоравуваат целосно.

Таа состојба беше поврзана со вакцинации во минатото – најмногу со кампањата за вакцинација за време на епидемијата на свински грип во САД во 1976 година и децении подоцна со вакцината употребена за време на пандемијата на грип H1N1 во 2009 година.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски