Европскиот парламент побара санкции против Турција поради тензиите со Грција и Кипар

Од:

Европскиот парламент (ЕП) денеска го повика Европскиот совет (ЕС) да воведе санкции кон Турција, се наведува во соопштението по повод усвоената резолуција со 631 глас „за“, три „против“ и 59 „воздржани“.

– Одлуката на Турција да ја „отвори“ областа Вароша во градот Фамагуста на островот Кипар ги поткопува изгледите за сеопфатно решение за кипарското прашање. ЕП ја повикува Турција да им ја предаде Вароша на нејзините жители, кои се под привремена администрација на Обединетите нации и да се воздржи од каква била акција што ја менува демографската рамнотежа на островот преку политика на незаконско населување, се истакнува во резолуцијата.

Во документот се наведува дека до трајно решение за повторно обединување на Кипар може да се дојде само преку дијалог, дипломатија и преговори. ЕП апелира ЕС да заземе став за незаконските активности на Анкара.

Европратениците изразија жалење што турските власти поддржаа решение засновано врз принципот на постоење на две држави на островот и изразија поддршка за фер, сеопфатно и изводливо решение засновано на федерација со две заедници, со единствен меѓународен правен статус. Тие ја повикаа ЕУ да игра поголема улога во преговорите, што се одвиваат под покровителство на ОН.

Турција сè повеќе се оддалечува од европските вредности, а незаконската и еднострана воена акција во Источен Медитеран го нарушува суверенитетот на Грција и Кипар, се додава во резолуцијата.

Европратениците ја нотираа и директната поддршка на Турција за Азербејџан во конфликтот во Нагорно Карабах, како и активностите на Анкара во Либија и во Сирија.

Би можело да ве интересира

МНР: Реагиравме до Европскиот парламент и грешкта е коригирана

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски