Епицентарот на епидемијата од ебола во Африка ќе биде изолиран од војска и полиција

Од:

Учесниците на вонредната средба на врвот на три западноафрикански држави, кои се најзагрозени од смртоносниот вирус ебола, одлучија да го изолираат епицентарот на оваа болест.

– Реонот ќе биде опкружен од полиција и војска. На изолираните лица ќе им биде дадена материјална помош, изјави денеска Хаџа Саран Дараб, генерален секретар на сојузот на државите по течението на Мано.

Во сојузот се вклучени Сиера Леоне, јужниот дел на Гвинеја и северниот дел на Либерија.

Лидерите на трите земји, исто така, одлучија да одобрат 100 милиони долари, со цел да привлечат нови лекарски групи во реонот на епидемијата.

Според податоци на СЗО, 60 медицински лица, кои работеле во зоната на ширењето на инфекцијата, се заразиле од овој вирус и починале.

Од почетокот на епидемијата, од ебола починале 729 лица, а регистрирани над 1.300 случаи на заболување. Смртноста може да достигне и до 90 проценти, а досега изнесува 55 отсто. Сегашната епидемија во Западна Африка е најголема во историјата.

Би можело да ве интересира

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола