Преживеан очевидец изјави дека успеал да се скрие на дрво и видел оти екстремистите од Боко харам палеле колиби, во кои имало и возрасни и деца, кои изгореле живи во последниот напад на локалните нигериски џихадисти.
Десетици јагленосани тела и тела со рани од куршуми беа расфрлани на улиците на селото Далори по вчерашниот напад на Боко харам.
Селото се наоѓа на пет километри од Мајдугури, најголемиот град во североисточна Нигерија, кој се смета за родно место на исламистичката терористичка организација.
Пукотниците и палежите траеле четири часа, изјави преживеаниот Аламин Бакура и додаде дека неколку членови на неговото семејство биле убиени или ранети. Ужасот продолжил кога три жени камикази се кренале себе си во воздух меѓу луѓето, кои успеале да избегаат во соседното село Гамори, убивајќи многу луѓе.
Се уште не е позната точната бројка на вчерашниот грозоморен чин на Боко харам, бидејќи се уште трае собирањето на телата.