Нигериската „Боко Харам“ е најсмртоносната екстремистичка група во светот, надминувајќи ја дури и Исламска држава (ИД), прогласувајќи се за нејзин огранок, покажува новиот Индекс на глобалниот тероризам.
Според авторите на индексот, бројот на смртни случаи, за кои се одговорни „Боко Харам“, се зголемил за 317 проценти минатата година, достигнувајќи 6.644, наспроти 6.073 убиени лица од страна на ИД.
„Боко Харам“ се прогласи за дел од ИД во март оваа година, нарекувајќи се Западноафриканска провинција на Исламска држава.
Двете групи заедно се одговорни за 51 отсто од терористичките убиства во светот според истражувањето, објавено од Институтот за економија и мир, чие седиште се наоѓа во Њујорк.