ЕК нема коментар за договорот меѓу Данска и Косово за затвореници

Од:

За Европската комисија договорот за испраќање дански затвореници во Косово е билатерално прашање, јави дописничката на МИА од Брисел.

Овој контроверзен договор, кој предвидува Данска да му плати на Косово 15 милиони евра за да прими 300 дански затвореници во косовските затвори, беше склучен кон крајот на декември 2021.

Станува збор за осудени криминалци кои потекнуваат од земји вон ЕУ и на кои им е изречена наредба да ја напуштат територијата на Данска по служењето на затворската казна. Во осовските затворски ќелии што и се рентаат на Данска ќе важат данските закони.

Приштина од своја страна најави дека парите што ќе ги добие од Копенхаген за оваа цел ќе ги искористи за да финансира еколошки проекти.

Договорот предизвика бурни реакции и во европската и во косовската јавност.

Невладините организации во Косово предупредуваат дека условите во косовските затвори не ги почитуваат меѓународните стандарди. Експертите инсистираат и на меѓународното правило според кое затвореници треба да ја отслужат казната што поблиску до своите семејства.

Европската Комисија денеска немаше коментар за овој договор на редовниот брифинг за новинари во Брисел.

-Не гледаме агол од кој би коментирале, ова е билатерално прашање кое се дискутира помеѓу властите на Данска и Косово, изјави портпаролката на Европската Комисија, Дана Спинант.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов