Најмалку 27 лица загинаа, а повеќе од 80 се повредени во три самоубиствени напади, кои се случија денеска на еден остров во езерото Чад, изјави претставник на безбедносни сили на Чад, јави Танјуг.
– Тројца бомбаши самоубијци се кренаа во воздух на три различни локации на пазар на островот Лули Фоу на езерото Чад, истакна тој.
Во овој регион минатиот месец е прогласена вонредна состојба по серијата напади на исламистите од Боко харам