Дезинформациите околу Ковид-19 убиле 800 луѓе во светот за три месеци

Од:

Најмалку 800 луѓе починале низ целиот свет поради дезинформации поврзани со коронавирусот во првите три месеци од оваа година, тврдат научници.

Според студија објавена во Американскиот журнал за тропска медицина и хигиена, околу 5.800 луѓе биле примени во болница како резултат на лажни информации на социјални медиуми.

Би-Би-Си пренесува дека многумина починале затоа што пиеле метанол или алкохолни средства за чистење, погрешно верувајќи дека овие производи се лек за вирусот.

Светската здравствена организација (СЗО) претходно објави дека „инфодемијата“ околу Ковид-19 се шири брзо како и самиот вирус, а теориите на заговор, гласини и културната стигма придонесуваат за смрт и повреди.

Многу од жртвите следеле совети кои потсетуваат на веродостојни информации – како што се јадење голема количина лук или голтање големи количини на витамини – како начин да се спречи инфекцијата, велат авторите на студијата.

Други пиеле супстанции како што е кравја урина. Сите тие дејства имале „потенцијално сериозни последици“ за нивното здравје, велат научниците.

Би можело да ве интересира

Политичките партии и медиумите главни готвачи на дезинформации и лажни вести во регионот

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

Вештачката интелигенција – потенцијален (не)пријател на новинарството и иднината на медиумите

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

ВИДЕО: Врие од лажни наградни игри, а МВР тешко им влегува во трага на измамниците

Петар Клинчарски