(ВИДЕО) Казни ако ширите лаги дури и да не сте знаеле – како да се заштитите?

Од:

Не сте без одговорност ако споделувате и пишувате се и сешто на социјалните мрежи.

Иако во Македонија не постои посебен закон за објавување на невистини, сепак и во минатото се случувало граѓани да одговараат за она што го објавиле на социјалните мрежи. Посебно доколку со таа објава се крши некој од веќе предвидените закони. А закони има.

Казната може да е парична, но и казна затвор.

И во Македонија веќе се размислува да се изврши измена на законот и категоријата дезинформации да се вметне.

Дали е за кликови или пак со намера да се рашири дезинформација, ширачите на лажни вести секогаш користат актуелни настани. Настани кои ги следат сите граѓани. Или се работи за елементарни непогоди, здравје, војни или несреќи.

Дури две телевизии од Романија објавија снимка, за која се тврдеше дека е снимена на терен во Украина. Гости во студиото дури беа и поранешен министер и воен експерт кој ја коментираа ова снимка говорејќи за стратегијата на двете страни. И се изгледа нормално – освен што коментираа снимка од видео игра.

Снимки од оваа игра биле прикажувани под насловот „во живо од Украина“, последна вест и слично, на илјадници профили на Тик Ток, видена и споделена потоа од милиони.

Како да се заштитите?

Целта на креаторот на лажна информација е да изгледа толку итна, толку потребна да ве натера веднаш да ја споделите. И ќе го сторите тоа верувајќи, мислејќи дека помагате.

Имало случаи кога социјалните мрежи помогнале токму на овој начин. Да се најде изгубено лице, да се најде изгубено милениче и слично. Токму на таа карта играат и креаторите на лажни информации – на картата добрина и желба да помогнат на корисниците на социјалните мрежи.

Сепак не е ниту убаво чувство, а се ризикува и одговорност доколку споделите лажна информација.

Како да проверите, како да се заштитите од лажни информации, погледнете во анализата на „Скен“

Видеото е изработено во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамките на проектот „Користи факти“, кој е поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Споделувате ли се и сешто на интернет, помагате во ширење лаги – како да се заштитите

(ВИДЕО) Видео од позната игрa место од Украина, ТВ објавија, експерти коментираа – лаги на кои наседнаа сите

(ВИДЕО) Казни ако споделувате лаги на социјални мрежи – затвор, пари, што вели македонскиот закон

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Киднапер на деца во Скопје, мртви средношколци во парк – наседнавте ли на лажни вести?

Анита Петровска Рајковиќ

Политичките партии и медиумите главни готвачи на дезинформации и лажни вести во регионот

(ВИДЕО) Го убив мажот, ме тепаше – A1он со жените зад решетки