Дејвис: Британија ќе ги напушти преговорите ако ЕУ бара 100 милијарди евра за Брегзит

Од:

Британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис се закани дека Велика Британија ќе ги напушти преговорите со Брисел за излез на земјата од Унијата, доколку ЕУ побара 100 милијарди евра како отпремнина за Брегзитот.

Ова е нов обид на британската Влада во време на предизборната кампања за изборите од 8 јуни, да ја манифестира „цврстината и непопустливоста“ на официјален Лондон, како и да се испратат заканувачки пораки кон Брисел.

Ваквата закана од Дејвис се толкува како навестување дека Велика Британија и натаму сериозно разислува за опцијата да ја напушти ЕУ и без да се постигне договор со Европејците за Брегзит.

Премиерката Тереза Меј по референдумот од пред 11 месеци, зборуваше дека за Лондон е „подобро да нема, отколку да се постигне лош договор“, но подоцна таа и министерот Дејвис ја уверуваа домашната и европската јавност дека ќе се настојува да се постигне „фер спогодба“ со Унијата, затоа што Брегзит без договор „никому не му одговара“.

Сметката за „разводот“ меѓу ЕУ и Велика Британија од 100 милијарди евра првпат беше спомената од лондонски „Фајненшл Тајмс“, кој во „долгот“ на Британците кон Унијата ги спомена и парите за средставата од субвенциите за аграрот, како и вредноста на зградите и целиот имот на ЕУ.

Вакавата бројка, безмалку двојно поголема од претходните најави, беше искористена за јавните расправии на Лондон со Брисел, што потоа уследија, а кулминираа со обвинувањето на Меј дека „некои во ЕУ и континенталните медиуми“ се обидуваат да се мешаат во изборите во Велија Британија, за да и се наштети на нејзината Конзервативна партија.

Откако Британците се определија за Брегзит, почна да се зборува дека пред да си замине, Велика Британија ќе мора да ги плати сметките за своето членство во ЕУ, но изност секогаш се движеше меѓу 50 и 60 милијарди евра.

Лондон иако прифаќа дека „сметката треба да се плати“, избегнува да споменува бројки, но според лондонските медиуми, проценка е дека Владата очекува на износ од 15 милијарди фунти или околу 18 милијарди евра.

„Цената на разводот“ е една од трите најважи прашања за Брисел, во преговорите што претстојат по изборите во Велика Британија, за која ЕУ во целина, но и Германија и Франција, инсистираат дека мора да се определи и за тоа да се постигне договор, пред воопшто и да се почне да се разговара за постигнување спогодба за слободна трговија.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски