Данска спречува бегалците да одат во Шведска

Од:

Данската полиција синоќа затворила еден автопат од безбедносни причини, спречувајќи неколку десетици бегалци, вклучувајќи жени и деца да ја минат границата со Шведска, јавува Радио Слободна Европа.

Претходно таму стигнале околу триста бегалци во надеж дека пеш ќе преминат во Шведска преку мостот што ги поврзува Копенхаген и Малме. Дошло и до физичка пресметка меѓу полицијата и бегалците кои одбиле да им бидат земени отпечатоци на прстите, плашејќи се дека нема да им биде дозволено да ја напуштат Данска.

Премиерот Ларс Расмусен предупреди дека никому нема да му биде дозволено да го продолжи патувањето кон Шведска. – Не можеме да ги игнорираме нашите обврски и да ги пратиме таму без согласност на шведските власти. Не сме како другите земји кои се одговорни за тоа што системот за азил е под огромен притисок, рече тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло