Шведската полиција уапси четворица терористи

Од:

Шведската полиција денеска уапси четири лица поврзани со исламски екстремисти, кои се осомничени дека подготвувале терористички напад.

Ова го соопштија од службата за безбедност Сапо и од обвинителството.

„Ги откривме нивните врски со сериозниот организиран криминал, како и меѓународните врски со терористичката организација Исламска држава“, изјави портпаролот на Сапо за Ројтерс.

Тој не даде дополнителни детали за осомничените врски со ИД, идентитетот на осомничените или природата на наводниот планиран напад. Апсењата следеа по опсежна истрага за случајот, се вели во соопштението на полицијата.

Државното обвинителство во соопштение прецизира дека апсењата се извршени во областа Стокхолм.

Шведските медиуми претходно денеска објавија дека голем број полицајци заедно со припадниците на службата за безбедност извршиле апсење во Тирез, јужно предградие на шведската престолнина.

Би можело да ве интересира

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица

(ВИДЕО) Иран и Шведска разменија затвореници

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден