Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Од:

Во шестата и последна недела на Мелодифестивален 2024, Шведска ја избра песната за Евросонг. Помеѓу 30 кандидати, шведската јавност и осум меѓународни жирија се согласија да ги испратат браќата Маркус и Мартинус на европскиот натпревар со песната „Unforgettable“.

Маркус и Мартинус беа големи фаворити за освојување на Мелодифестивален.

Финалето на натпреварот се пренесуваше во живо од Френдс арената во Стокхолм, а домаќин беше Карина Берг.

Песната ја создадоа Џими „Џокер“ Торнфелд, Џој Деб, Линеа Деб, Маркус Гунарсен и Мартинус Гунарсен.

Маркус и Маринус Гунарсен (22) се родени и израснати во Норвешка, а се прославија кога на 10-годишна возраст победија на Melodi Grand Prix Junior во 2012 година. Тогаш се претставија со песната „To draper vann“.

После тоа нивната кариера зема замав, а на турнеите настапуваа и со Џејсон Деруло.

Би можело да ве интересира

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица

(ВИДЕО) Иран и Шведска разменија затвореници

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведската полиција уапси четворица терористи