Данска купува два милиони таблети јод

Од:

Данските власти ќе купат два милиони таблети јод „во случај на нуклеарна несреќа во непосредна близина“ на земјата, соопшти денеска данската здравствена агенција.

Според Министерството за здравство, специјалната операција на Руската Федерација во Украина покажала дека „светот е непредвидлив“.

– Затоа, данската здравствена агенција ја ревидираше количината на залихи на јод во Данска што треба да се користи во случај на нуклеарна несреќа во наша непосредна близина … Администрацијата препорача зголемување на сегашните залихи, купување два милиони таблети јод, соопшти здравствената агенција на земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Двајца српски тинејџери убиени во Данска

Катерина Павлова-Николовска

Големи протести во Данска поради плановите на владата да укине државен празник

Ана Ололовска

Постигнат договор за формирање влада на Данска

Ана Ололовска

После 45 години „Алди“ си заминува од Данска

„Крвави пакети“ пристигнаа во украинските амбасади во ЕУ: Киев бара итно објаснување, службениците во паника

А1он

Заврши СП за Томас Дилејни