Членките на Г7 заклучија: Мoсква останува „единствената пречка за праведен мир“ за Украина

Од:

Мoсква останува „единствената пречка за праведен мир“ за Украина, објавија денеска учесниците на самитот на земјите-членки на Г7 во декларацијата по повод 1000 дена од руската инвазија на украинска територија.

И лидерите на членките на Г7 (Франција, САД, Јапонија, Канада, Обединетото Кралство, Германија и Италија) во оваа прилика потврдија „цврста поддршка за Украина колку што е потребно“.

Остануваме солидарни за да придонесеме во борбата за суверенитет, борбата за слобода, независност, територијален интегритет и обнова“ на Украина, се вели во соопштението на Италија, која оваа година претседава со групата Г7.

„По 1.000 дена војна, го гледаме огромното страдање што го претрпе украинскиот народ. Но, и покрај овие тешкотии, Украинците покажаа невидена решителност и отпор кога станува збор за одбраната на нивната земја, сопствената култура и нивниот народ“, се вели во соопштението на групата.

„Русија останува единствената пречка за праведен и траен мир. Г7 повторува дека ќе продолжи да биде посветена кога ќе и наметне високи трошоци на Русија преку санкции, преку контрола на извозот и други ефективни мерки. Остануваме солидарни со Украина“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Земјите од Г7 размислуваат како да и помогнат на Украина со замрзнатите руски средства

Пекинг ги обвини земјите од Г7 дека соработуваат за да ја „клеветат и нападнат“ Кина

Горан Наумовски

Стигна реакцијата на Русија на „хистеричниот“ самит на Г7

ВИДЕО: Зеленски во Хирошима допатува со воен авион на француската влада

Медведев се закани дека ќе го раскине договорот за жито доколку Г7 го забрани извозот во Русија

Ана Ололовска

Г7 подготвува еден од најсилните удари за Русија досега

Катерина Ѓуровски