ВИДЕО: Зеленски во Хирошима допатува со воен авион на француската влада

Од:

Додека Авионот со Володимир Зеленски слетуваше во јапонскиот град Хирошима денеска, камерите го зумираа авионот – воен авион со ознаки на француската влада.

Од руската инвазија на Украина, дипломатските потези на францускиот претседател Емануел Макрон повремено налутија некои од неговите сојузници и ги поттикнаа да бидат претпазливи за неговите намери, и покрај тоа што Париз обезбедува значителна воена и финансиска помош за Украина.

Француските власти велат дека идејата да се донесе украинскиот лидер на состанокот на лидерите на Г7 се родила неколку недели по првичните разговори со јапонските домаќини.

„Украинците побараа претседателот Зеленски да биде пренесен на самитот од страна на француската армија“, изјави претставник близок до францускиот претседател, додавајќи дека конечната одлука е донесена во средата. Украинската делегација чекаше на полската граница пред да се качи на францускиот авион за Џеда.

Со учеството на состанокот на членките на Г7, Зеленски сакаше да допре до оние земји кои останаа на маргините кога е во прашање конфликтот во Украина. Француските власти истакнуваат дека не е првпат Париз да скокне и да му понуди авион на Зеленски.

Во февруари, по средбата на самитот на европските шефови на држави, украинскиот претседател беше пренесен од Брисел во Полска со „Фалкон“, француска влада.

Би можело да ве интересира

Трамп: Зеленски сака крај на лудилото и преговори со Русија

Замрзнување на конфликтот е неприфатливо за Русија

ВИДЕО: Кадиров излезе од „Бредли“; „Ќе ти дадам пиштол, можеш сам да пукаш во себе“

Украинците тргнаа во против напад во Курск

ВИДЕО: Разговараа шефовите на руската и на американската војска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Лавров влезе во Европската унија и тоа со руски владин авион