Чешка нема да се вклучи во воздушните напади на исламистите во Сирија

Од:

Република Чешка не размислува за вклучување во воздушните напади врз позициите на радикалите од движењето Исламска држава во Сирија, каде нападнаа САД и други земји. Ова денеска пред новинарите го изјавија чешкиот премиер Бохуслав Соботка и министерот за одбрана Мартин Стропницки, јави дописникот на МИА од Прага.

Според највисокиот претставник на чешката полиција Томаш Тухи, исламистите во моментот не претставуваат безбедносен ризик за земјата, но ситуацијата сепак ќе ја разгледува Националниот совет за безбедност на државата.

– Ние ги поддржавме напорите за стабилизирање на ирачката држава, но не сметаме на тоа дека треба да се вклучиме во овие операции, рече Соботка.

Тој потсети дека Чешка испраќа 500 тони муниција за единиците на ирачките Курди, кои се борат со групата Исламска држава.

Истовремено Соботка, оцени дека најголема опасност во наредните месеци се бунтовниците кои војувале во Сирија или Ирак се враќаат назад во Франција или во другите европски земји и можноста да учествуваат во одделни терористички активности.

Министерот за одбрана, Стропницки ја исклучи можноста дека во блиска иднина се смета на вклучување на чешките борбени авиони.

– Потребно е на терористите таму да им се даде јасно до знаење дека светската јавност нема да го толерира тоа, рече Стропницки, додавајќи дека е важно во воздушните операции да учествуваат арапските држави, како Саудиска Арабија, Египет и Јордан.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град