Брисел: Велика Британија ќе плати милијарди фунти за да ја напушти ЕУ

Од:

Европската унија очекува од Велика Британија да ги подмири сите финансиски обврски и во случај на Брегзит без договор, изјави денеска портпаролката на Европската унија Мина Андреева.

Изјавата доаѓа откако британскиот премиер Борис Џонсон рече дека во случај на Брегзит без договор, Велика Британија веќе нема да има обврска за плаќање на 39 милијарди фунти кон Брисел, како што договори неговата претходничка Тереза Меј.

– Мора да се исполнат сите обврски кои ги презеле земјите-членки. Тоа посебно се однесува на сценариото Брегзит без договор, при што од Британија се очекува дека ќе продолжи да ги почитува сите обврски преземени за време на членството во ЕУ, потенцираше Андреева.

– Подмирувањето на сметките е клучно за почеток на нови односи, базирани на взаемна доверба, рече Андреева, дополнувајќи дека Лондон тоа прашање официјално не го отворил со Унијата.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он