Белгија протера руски дипломати

Од:

Во изминатите месеци, Белгија протера од земјата „десетици таканаречени руски дипломати“ кои беа „очигледно шпиони“, објави премиерот Александар де Кроа.

Тој на прес-конференцијата рече дека Русија се обидува да ја дестабилизира демократијата во таа земја, пишува Brussels Times.

„Белгија во последните месеци депортираше десетици таканаречени руски дипломати од земјата. Дали беа шпиони? Јасно е дека се“, објави белгискиот премиер во интервјуто за време на викендот.

Според него, Русија спроведува и сајбер напади и бројни кампањи за дезинформација во Белгија.

Во април 2023 година, истражувањето спроведено од магазинот „Де Тиџд“ и неговите европски партнери покажа дека никаде на друго место во Европа Русија нема толкава сателитска комуникациска опрема, која се користи за пренос на чувствителни информации, како на зградите на нејзината амбасада во Белгија.

На покривот на зградата на нејзината амбасада во Укел има дури 17 сателитски антени, како и неколку други антени и комуникациска опрема што може да се користи и за комуникација и за шпионажа, прецизира белгискиот весник.

Де Кроа зборуваше и за финансирањето на белгиската помош за Украина и рече дека „за тоа плаќа рускиот претседател Владимир Путин“.

„Белгија всушност најде паметно решение: Русија има стотици милијарди замрзнати средства во Белгија, а помошта за Украина се плаќа со даноци на тие пари. Затоа, помошта не ја финансираат белгиските даночни обврзници“, објасни Де Кро.

Би можело да ве интересира

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски

Пукање во центарот на Брисел: Четири лица се повредени

Горан Наумовски